Мака (Lepidum Meyenii) е билка која има корен во вид на ротквица и расте на висока надморска височина на падините на Андите во Јужна Америка. Оваа билка содржи уникатен микс од витамини, минерали, есенцијални аминокиселини, масни киселини, фитостероли и протеини, поради што се користи како храна и како лек. Оваа древна легендарна билка од Јужноамериканкиот регион е позната како афродизијак и тоник за подобрување на целокупното здравје. Таа е популарна ширум светот како моќен биолошки енергетик кој ги подобрува психо-физичките способности и ја зголемува плодноста кај мажите и кај жените.
Оваа билка има бројни позитивни ефекти врз човековото здравје, и тоа:
– Го зголемува либидото кај машкиот и женскиот пол;
– Ја подобрува еректилната функција и ги намалува симптомите на импотенција кај мажите;
– Ја подобрува сперматогенезата и нивото на тестостеронот во организмот;
– Ја зголемува енергијата, виталноста и го подобрува психо-физичкото здравје.
Мака содржи бројни хемиски компоненти во кои спаѓаат: алкалоиди, стероли, танини, сапонини и кардиотонични гликозиди кои ја зголемуваат издржливоста и го засилуваат имунолошкиот систем кој го штити телото од многубројни инфекции и заболувања.
Атлетите и спортистите можат да ја користат Мака како енергетик, а лицата кои страдаат од хормонална дефициенција или намалено либидо исто така можат да ја консумираат оваа чудесна билка за да го подобрат сексуалниот живот и перформанси.