Смоквите се многу вкусно и здраво овошје. Целата смоква може да се јаде: од надворешната лушпа, до слаткиот, црвен, меснат средишен дел со ситни семки.

Она што не се знае, е дека и нејзините листови содржат многу здравствени придобивки.

Напитокот од нив е многу корисен за дијабетичарите, затоа што го намалува нивото на шеќерот и помага за топење на вишокот килограми.

Листовите од смоква, исто така можат да помогнат и со болестите на белите дробови, како и на асматичарите.

Лековит чај од смоква

За правење на овој неверојатен чај, потребно е да се варат три листови од смоква со еден литар вода. Напитокот се вари 15 мин, се процедува и се пие 2-3 пати дневно.