Несоници и главоболки ги нападнаа метереопатите

nesonica2Променливото време, наглото намалување на температурите за 15  степени Целзиусови и климатските промени секојдневно удираат и меѓу здравата популација, бидејќи се поголем е бројот на метереопати, кои страдаат од главоболки и несоници. Тоа се личности кај кои појавата на здравствени тегоби или влошување на основната болест, промените во расположението, однесувањето и целокупното психофизичко функционирање на организмот е редовно поврзана со промените на времето.

Денешните истражувања покажуваат дека дури 30 отсто од луѓето се метереопати, а најголем дел од нив се постари лица со хронични болести и жени во менопауза.

-Зголемувањето на бројот на метереопати во последните години се должи на наглите временски промени, дневните температурни разлики, кои понекогаш достигнуваат 15-20 степени Целзиусови, глобалното затоплување на Земјата, како и современиот начин на живот, престој во затворени, претежно климатизирани простории што ги ослабува механизмите на организмот за адаптација кон овие промени – објаснуваат лекарите.

Најчести симптоми на кои се жалат метереопатите се: главоболка, вртоглавица, замор, поспаност, промени во расположението, раздразливост, несоница, намалена концентрација, болки во мускулите и зглобовите, покачен крвен притисок, отежнато дишење, зачестена појава на мозочен и срцев удар.

Според лекарите, при промената на временските услови, најмногу при намалување на температурата, настанува зголемено лачење на ACTH(адренокотикотропен хормон) од хипофизата и намалено лачење на ендорфини кои се природно средство против болка, при што се намалува прагот на осетливост кон болката.

Advertisement