Многу силна болка во зглобот, може да го „парализира“ движењето

apostolki-stetni-stap-05Потеклото на болката обично се поврзува со претренираност и абење на зглобното ткиво, но можно е да ги исплаши рекреативците дека нешто „страшно˝се случува, па престануваат со активност или ескивираат лекарски преглед.

Соочувајќи се многу често со поплаки од овој вид, сметаме дека секој оној кој е редовен во своето рекреативно вежбање, треба да има минимално познавање за структурните карактеристики на зглобовите и како може да си пружи основна самопомош. А секако, и во пресрет на скијачката и бордерската сезона, добро е да бидете информирани како да ги заштитите,  односно како да ги нахраните своите зглобови, особено колената.

Истегнување или кинење на лигаментот настанува како резултат на претерано движење или придвижување во погрешна насока. При благо до умерено истегнување, зглобот е чувствителен на допир, особено при движење. Постои и благ оток. Умереното истегнување на зглобот, предизвикува чувство на нестабилност при потпирање на него.

При тешко истегнување, заболениот зглоб е многу болен и силно отечен, и не можете да се навалите на него. Кожата на заболеното место е бледа и поради внатрешно крварење, може да настане хематом. Тешко е да се одреди дали оваа повреда е од скршеница или дислокација.

Бурзитисот претставува воспаление на бурзите – мали оддели кои се исполнети со течност, и се лоцирани во близина на зглобовите и коскените испакнувања (проминенции) насекаде во телото.

Иритацијата, инфекцијата или повредите може да предизвикаат воспаление на бурзите, што резултира со болен бурзитис. Рамената, лактите, колковите, стапалата и базата на ножниот палец се најчесто зафатени со бурзитис. Тој е толку чест што популарно се нарекува со разно-разни имиња (студентски лакт, слугинско колено, компјутерска рака). Бурзитот не е сериозно воспаление и обично поминува сам по себе за 2-3 недели, но сепак има тенденција за повторно појавување.

Advertisement