Младите на удар на мозочните удари!

mozocen-udar-630x342Триесет и две годишна девојка лани починала од срцев удар, додека пливала во водите на Охридското езеро, 23-годишна неготичанка пред неколку месеци почина од мозочен удар, пред неколку месеци, татко ја пронашол својата ќерка, мртва во када, а причината за нејзината смрт е инфаркт. Ова се само неколку примери, кои последните неколку месеци се случија во земјава и кои однесоа млади човечки животи. Алармантна е состојбата што се почесто жртви на мозочните и срцевите удари се млади од 20 до 40 години.

Ако некогаш, тие беа ризик за средно возрасните и постари лица, сега, мозочните и срцевите удари, удрија и по младите. Стресот, нервозите, сиромаштијата, беспарицата, трката со времето, нездравата исхрана, дебелината, физичката неактивност и животниот стил, се само дел од причините, поради кои се намали возрасната граница и овие тешки заболувања земаат се поголем замав.

Голема улога во целата ситуација играат и климатските шокови, варирањето на надворешните температури од 15 до 20 Целзиусови степени и температурните разлики, кои може да имаат фатални последици како за хронично болните, така и за здравите луѓе. Иако поголемиот дел од населението едвај чекаат мало заладување и освежување, на некои лица големата промена им предизвикува тешки здравствени проблеми.

Според лекарите, сите оние, кои летниот период го поминуваат на плажи во забави и пливање, мора многу да внимаваат на своето здравје. Пред да влезат во вода, нивниот организам претходно бил  подложен на топло и висока температура. Откако ќе влезат во ладната вода, таа може да го пресече организмот и да предизвика срцев удар.

Температурниот шок ги испровоцира и мозочните изливи и срцевите удари, а не помалку ги погоди и метеоропатите – личностите што имаат здравствени проблеми предизвикани од климатските промени. Дел од лекарите велат дека најмногу на удар се оние што страдаат од крвен притисок, а доста загрижувачки е тоа што се почесто од покачен крвен притисок страдаат младите.

Advertisement