Експерти од Лондон утврдиле дека претставниците на сегашната генерација имаат секс просечно по 4,9 пати месечно . Во споредба со пред десет години, специјалистите набљудуваат голем пад на сексуалната активност , која во 2003 година била 6,3 пати месечно. “
Ова може да се случи само во свет каде сексот е навлезен во сè – во интернет, филмови, телевизијата, рекламите. Живееме во време со рекордна посетеност на порно сајтови, слободата за сексуално изразување во медиумите достигна големина како никогаш порано “, објаснуваат експертите.
Друго објаснување за слегување на сексуалната активност е развојот на технологијата. “Порано, кога луѓето легнувале да спијат, ги гасат светлината и … го допираат партнерот.
А денес секогаш ќе се најде нешто поважно, што да направите пред да заспиете – да ја проверите вашата пошта, да видите слики во социјалните мрежи, да напишете “лека ноќ” на Фејсбук или да прочитате неколку сексуални материјали виртуелно.
Вистината е дека пред некое време, ако оставите две лица насамо во целосно празна соба, веднаш ќе ги најдете гушнати спремни за секс. Нивните тела ќе бидат испреплетени, се додека возбудата трае. Но, ако им ги дадете паметните телефони или лап-топ компјутерите, веројатноста резултатот да биде сличен, исчезнува.
Уште еден особено загрижувачки показател е дека сексуалната активност на жените меѓу 25 и 35 години нагло се намалува. Причината лежи во особено силниот стрес на работното место, секојдневните финансиски потешкотии, депресијата, социјалните мрежи, електронската пошта, мобилните телефони, телевизијата … листата со оправдувања е долга. Значи, истражувачите дошле до следниов заклучок – колку повеќе време, внимание и напори посветуваме на нашиот виртуелен живот, толку помалку ни е грижа за сопствениот интимен живот.