Нането е една од најдобрите билки за лекување на болки во цревата и пречки во варењето, а маслата кои ги содржи, особено ментол и ментон, ги опуштаат мазните мускули кои го обложуваат дигестивниот тракт, со што помага во намалување на болните грчеви и тоа за само една минута.

nane - menta

Нането, исто така ги олеснува симптомите на синдромот на иритабилно црево, состојба која предизвикува непредвидливи грчеви, болки во стомакот, гасови, подуеност, пролив и запек. Поради својството да го поттикнува варењето, нането може да ја спречи подуеноста. Дивите врсти на нане (Mentha arvensis и други), како и питомите, се користат за подготвување на вкусен и здрав чај, кој помага при многу заболувања. Така чајот од нане е корисен при главоболка, стомачни тегоби, несоница, општа слабост и малаксаност, настинка и кашлица.

Меѓутоа, оваа билка може да ви помогне и во намалување на апетитот.  Честите вдишувања на мента – мирисот можат да ја „измамат“ гладта, велат американските истражувачи. Според направените испитувања, волонтери вдишувале мирис на нане на секои два часа, во текот на еден период, од пет дена. Ова довело до значително намалување на нивниот апетит. Претходните студии од овој тип, кои биле изведени врз спортисти, резултирале со зголемување на енергијата и ентузијазмот во нивните активности, по вдишување на мирисот од нане. Следниот пат кога ќе сакате да пиете чај, имајте на ум дека, ова не е лоша опција за намалување на апетитот.