Магдоносот, наречен од многумина како “најпопуларната билка на светот”, навистина е нешто многу повеќе од обична декорација за чинијата со храна. Античките Грци го сметале за света билка и носеле венци од магдонос, за да го стимулираат апетитот. Древните римјани пак џвакаат листови од магдонос пред да пијат вино, за да се заштитат од опојноста.
Член на семејство Umbelliferae, магдонос, или Petroselinum crispum, има две главни сорти: кадрава и италијански плосколист.
Хранливи материи во магдоносот
Магдоносот, особено т.н. италијанската негова разновидност, содржи многу корисни за здравјето, витамини и минерали – витамини А , Б12, Ц и К , бета -каротин , фолна киселина , како и железо, калциум и протеини. Половина чаша свеж магдонос ни носи 10 % од дневната препорачана доза железо и содржи 3 пати повеќе витамин Ц од истото количество портокали. Изобилството на хлорофил во магдоносот го зајакнува имунитетот, ги ограничува воспаленијата, ги чисти токсините и го освежува здивот. Зелениот зачин содржи и алфа- линоленска киселина, омега- 3 масни киселини, кои помагаат во спречувањето на кардиоваскуларните болести и артритисот.
Витамин А и каротеноиди
Магдоносот е богат со витамин А – содржи 320 IU во лажица, што се 10 % од препорачаната дневна доза. Витаминот А е важен за добар вид, за растот на коските и за клеточниот раст и диференцијација. Тој помага и за регулирање на имунолошкиот систем и помага на лимфоцитите да се борат поефикасно со инфекциите. Освен количини на витамин А, една лажица магдонос содржи и 192 микрограми бета -каротин – моќен антиоксидант, провитамин А. Два други каротеноиди во магдоносот – лутеин и зеаксантин – помагаат за превенција од макуларна дегенерација – очно заболување, чии причини се претежното стареењето .
Витамин Ц
Во 1 лажица магдонос се содржат 5,1 мг витамин Ц ( аскорбинска киселина). Хидросолубилен есенцијален витамин Ц се ослободува во урината и треба да биде примен често во соодветната доза, бидејќи не може да се произведува и складира од човечкиот организам. Витаминот Ц е неопходен за формирање на колаген, кој е потребен за производство на кожни клетки, мукозни мембрани, тетивите и крвните садови. Покрај тоа, е од витално значење за реконструкцијата и одржувањето на здравјето на коските и забите. Витаминот Ц е воспалителен агент и моќен антиоксидант кој ги отстранува слободните радикали од телото.
Витамин К
Витамин К е мастнорастворлив витамин, потребен за правилно згрутчување на крвта и соодветна апсорпција на калциумот од коските. Тој се произведува и во самото тело од бактериите во цревата, но земањето на антибиотици може да доведе до негов дефицит. Витаминот К помага за намалување на ризикот од фрактури на коските, особено кај жените по менопаузата, кои се изложени на ризик од остеопороза. Како сите, храна која содржи хлорофил, магдоносот е богат со витамин К, што во една лажица се содржат 62,3 микрограми .
Магдонос и ракот
Магдоносот содржи испарливо масло наречено миристицин, што може да спречи формирање на тумори во белите дробови, покажуваат резултатите од истражувањето, објавено во октомври 1992 година во изданието Carcinogenesis. Тој ја содржи и флаваноидната состојка апигенин, која може да го запре растот на клетките на ракот на дојката, според истражувањето на Универзитетот на Мисури, објавена во Cancer Prevention Research. Салман Хајдер, шеф на истражувањето. Тој прецизира дека апигенин ( кој се наоѓа, исто така, во целерот, јаболката, портокалите и оревите ) го ограничува целокупниот број туморски клетки. Го подобрува варењето и хормонската активност. Во улога на природен диуретик, магдоносот го елиминира вишокот материи и токсини во организмот и го намалува задржувањето на водата, што од своја страна доведува до слабеење. Високата содржина на ензими го подобрува варењето на протеините и мастите и помага при апсорбирањето на хранливите материи од телото. Кај жените, магдоносот помага и при ПМС, го регулира менструалниот циклус и ги ублажува симптомите на менопаузата како раздразливост, депресија, сушење на кожата и косата .
Магдоносот додава вкус и ја зголемува хранливоста на храната.
За да се храниме поздраво и да ги зачиниме јадењата, можеме да ги замениме традиционалните зачини како сол и шеќер со магдонос, нуди Сузана Зик, истражувач на Универзитетот во Мичиген. Можеме сечкан магдонос да го додадеме на повеќето сендвичи, салати и супи. Магдоносот дава многу пријатен вкус на чорби и сосови, иако секогаш е најдобро да се додава на крајот на процесот на готвење. Тој е и е прекрасна состојка, која може да се додаде кон свежо исцедени сокови од зеленчук .
Лесно достапен и секогаш свеж
Можеме да ставиме китка магдонос во висока чаша со вода, да го покриеме и оставиме во фрижидер – така ќе имаме под рака долго време свеж зачин. Сушениот магдонос нема ништо заедничко со вкусот на свежиот магдонос. Можеме и да си посадиме магдонос во пролет или лето во влажна и збогатена почва, во градината, или во саксија во кујната – и да го оставиме да расте на шарена сенка.
Кога треба да внимаваме со магдоносот
Иако магдоносот се смета за безбеден, бремените жени треба да го избегнуваат, затоа што во големи количини може да предизвика контракции на матката. Освен, ако не сме специјалисти во распознавањето на јадливи растенија, тогаш е задолжително да си купуваме магдонос од продавницата, а не да го береме во дивината, бидејќи може да биде отровен и да доведе до фатални последици. Многу ретко може да се појават алергиски реакции од магдоносот. Ако сме алергични на моркови, целер или копар, тогаш е можно да сме алергични и на него. За да ги одржуваме корисниот витамин К во магдоносот, треба да избегнуваме да го замрзнуваме.