LJOSKAVACЉоскавецот е многугодишно тревасто растение од семејството на компирите со хоризонтални корени. Стеблата се исправени, прости или разгранети во долниот дел. Долните листови се поредени еден по друг, горните се средишнопоставени, јајцевидни, заострени на врвот, во основата се широко клиновидни. Цветовите се единечни,поставени во пазувите на горните листови.

Плодот е темноцрвена до портокалова, елипсовидна топчеста форма, поставен во средината на расцветаната чашка. Миризбата е слаба, а вкусот горчлив.Плодовите се собираат по созревање (јули – август) и се сушат во сушара на температура од 45 – 50 степени Ц.

Содржи флавоноиди, танини, карбоксилни киселини, витамин Ц, каротеноиди, и слузести материи.
Дејствува диуретично, противвоспалително, аналгетско. Се употребува кај заболувања на црниот дроб со жолтица и асцит, гнојно воспаление на мочниот меур, камен и песок на бубрезите и бешиката, гихт, болки во стомакот.

Надворешно – кај лишаи, се користи пепел од изгорените плодови, растворен во масло. Билката е силно токсична. Само под лекарски надзор треба да се користи . 1о зрели плодови се попаруваат со 1/2 литар врела вода.Стојат еден час и се пие по 50 мл 2-3 пати дневно. Да не се пие подолго од 10 дена.