Лековитите својства на дивата јагода

divi jagodiЛистот поради содржината на флавониди ја подобрува циркулацијата и има силен ефект врз мочните патишта. Го зголемува мокрењето и помага при заболување на бубрезите, мочниот меур и при воспалена простата. Танините кои ги има во листот имаат силен изразен ефект при стомачни заболувања, ефикасни се за лекување на пролив како и воспаление на тенкото и дебелото црево.

Флавонидите го смируваат и воспалението. Надворешно листовите можат да се користат во форма на облози за лекување на удрени, отечени и каснати од инсекти, места. Отокот се намалува , болката престанува и доаѓа до  брзо заздравување.

Плодовите од јагода се здрава храна, богата со природни материи и затоа се користат во домаќинствата посебно во селските средини за припрема на слатко, мармалади, компоти, сокови кои покрај хранливата функција поволно влијаат на функцијата на црниот дроб, ја спречуваат артеросклерозата, го намалуваат крвниот притисок и ја подобруваат крвната слика.

Advertisement