Користа од багремот е голема!

bagrem
Лековитоста на багремот е позната многу одамна. Багремот со својот мирис, боја и раскошен цвет не го остава никој рамнодушен. Ова листопадно дрво има потекло од Америка, а во Европа го донеле во 17 век. Кај народот е познато и како „кралско дрво“. Неговите плодови се сушат, конзервираат и се употребуваат наместо зеленчук. Готвеното семе од багремот може да го замени гравот, а прженото кафето. Цветот се бере непосредно пред неговото отварање, а листот додека е млад. Народната медицина препорачува чај од исушени цветови, кои се многу вкусни и лековити, особено за настинка и кашлање. Во семките има многу белковини, јаглехидрати и маснотии.

Чај

Чајот против настинката и кашлањето се спрема така што ќе земете лажица суви цветови од багрем и ќе ги прелиете со 2 дцл зовриена вода. Се поклопува и се остава да стои половина саат, а потоа се цеди и се пијат по три шолји дневно. Припремен како чај, багремот помага во лекувањето против ревматски болести и забоболка, а е и совршен антисептик. Го намалува зголеменото лачење на киселини и помага при мигрена. Делува и кај гастритисот, чир на желудникот и дванаесетпалачното црево. Западната народна медицина го користи за лекување на антивирусни оболувања, грчеви, кожни болести, тегоби при варењето и чистење на цревата .Од ова растение се прави и познатиот багремов мед.

Багремов мед 

Тој е доста ценет во Европа. Чист, течен, лесен, идеален за децата постари од една година. Кај возрасните го ублажува стресот, нервозата, несоницата. Неговата кристализација трае и до 3 години. Доколку дојде до шеќерјасување, станува бел, матен, ситно зрнест и поради тоа потсеќа на снег. Ако се кристализира, теглата со мед се става во топла вода и проблемот е решен.

Advertisement