Кој е зачинот, кој не дозволува гасови во организмот?

kim

Ова двегодишно растение е распространето низ цела Европа како диво и градинарско растение, а се смета за најстар зачин на стариот континент. Семките од ким се пронајдени пред 5000 години во стари остатоци од градби покрај швајцарските езера. Освен како зачин, во средниот век ова растение се користело и како средство за истерување на лошите духови. Популарен е како додаток во јадењето, пред се, во лебот и печивата. Австралија е прва нација во светот по потрошувачка на ким.

Состав и калории: како зачин се употребуваат зрелите и сушени семки од ким. Во 100 гр има 434 калории, голема количина калиум, калциум, натриум, железо, фосфор и магнезиум што се важни за забите, коските и за крвта.

Совет: во текот на вековите кимот зазел важно место во народната медицина. Овој зачин е скапоцен во подготовките на сите тешко сварливи производи. Неизбежен е во оброците со зелка и свинско месо, бидејќи ги спречува гасовите. Го забрзува варењето и мокрењето, а народната медицина вели дека кимот е корисен и во спречувањето на разни болести на бубрезите и создавањето камен.

Advertisement