Кариесот – опасност за забите

zaben karies

Забниот кариес најчесто се јавува на места каде не може лесно да се види. Најмалиот кариес може само лекарот да го види, како и неправилниот развој на вилицата.
Благовремените совети на лекарите гарантираат убави и здрави заби. Поради тоа е потребна редовна контрола кај забниот лекар и тоа на секои 3-4 месеци. Кај децата контролите треба да бидат почести , зошто кариесот кај млечните заби многу брзо се развива. Забот треба да се лекува пред да почнат болките, уште на самиот почеток на кариесот.
Почетното расипување се лекува брзо и безболно и што е најважно , излекувањето може да биде трајно.

Advertisement