Како секогаш да имате убави и бели заби?

zabiЗабите се најважни, бидејќи со нив се јаде, а тие можат да ја дадат и најубавата насмевка на планетата. Затоа секогаш многу битно е тие да се одржуваат здрави, да се оди редовно на заболекар и да се контролира дали има расипани. Најредовното прашање кое си го поставувате е како да имате бели и убави заби?

Голема улога во здравјето на забите и непцата имаат протеините, витамините, особено витамините А , Ц, Д, и оние на групата Б, како и минералите – калциум, фосфор, флуор. Витаминот Ц е од исклучително значење за вашите заби. Ако имате недостаток од овој витамин, се создава промена на забот, дентин и во вилицата, која може да доведе до губење на забите. Целиот процес обично е придружен со крварење на непцата. Овој витамин најчесто го имаат кивите, портокалот, лимонот, магдоносот и пиперките.

Кога вашата исхрана нема доволно витамин Д, доведува до промени во односот помеѓу калциум и фосфор во телото, што дополнително води кон нарушување на минерализација на коските и забите. Со овој витамин богати се рибиното масло , јајцата, млекото, путерот и лососот. Калциумот е особено важно за квалитетот на дентинот . Недостатокот на овој минерал предизвикува кршливи заби. Него најмногу го има во млекото и млечните производи, жолчките од јајце , спанаќот, кељот, па дури и чоколадата. Но, секако не треба да се претерува.

За составот на забите е одговорен и фосфорот. Неговиот недостаток предизвикува промени во јачината на дентинот . Најбогатите извори на фосфор се рибата, сирењето, оревите и пилешкото.

Advertisement