Како да се привлечат потребните пари?

pariПред многу години, во Австралија, сретнав момче кое сакаше да стане хирург, но немаше доволно пари. Му објаснив дека семето положено во земјата привлекува се што му е потребно за растење и развој, па дека би требало да ја научи лекцијата од семето и да ја стави саканата идеја во сопствената потсвест. Ова сјајно момче за почеток тргна да чисти лекарски ординации, да мие прозорци и да врши разни поправки на медицински инструменти. Ми раскажуваше како секоја ноќ, пред спиење, ја замислувал дипломата на Медицинскиот факултет закачена на ѕидот со сопственото име испишано со огромни мрсни букви. Често чистел туѓи дипломи урамени и обесени во разни ординации, каде што работел. Затоа не му беше посебно тешко во својата свест да ја всади сликата на својата диплома. Резултатот настапи по четири месеци.

Продолжението на приказната е мошне занимливо. На еден од лекарите момчето многу му се допаднало, го обучил за стерелизирање на инструментите, давање инекции и на другите работи во ординацијата и го вработил како техничар. Подоцна го пратил и на студии на сопствен трошок. Денес момчето е угледен лекар во Монтреал во Канада. Користејќи ја потсвеста на вистински начин, ја откри смислата на законот на привлечноста. Го искористи древниот закон што гласи, „ замислувајќи ја целта, сте се определиле за средствата што водат кон оставрување на таа цел“. ЦЕЛТА е, во овој случај, да се стане лекар.

Младичот значи бил во состојба да замисли, да види и навистина да се почувствува самиот себеси како лекар. Живеел со таа идеја, ја одржувал во својот ум, ја хранел, ја негувал и ја сакал се додека не навлегла низ сите слоеви на неговата потсвест и станала увереност привлекувајќи ги на тој начин, сите фактори потребни за исполнување на неговиот сон.

Извадок од книгата „Моќта на потсвеста“

Advertisement