Како да му помогнеме на срцето и кои се симптоми на срцевата слабост?

srceva slabostСрцевата слабост не значи дека срцето престанало да работи или дека имате инфаркт, туку дека не може да пумпа
доволно крв за потребите на организмот.

Како настанува срцевата слабост?

Таа настанува поради многу нарушувања. Некогаш не може да се открие вистинската причина. Најчесто настанува поради:
– Коронарна артериска болест (затнување на артериите што го хранат срцето). Многу често луѓето со срцева слабост веќе прележале миокарден инфаркт.
– Слабеење на срцевиот мускул (т.н. „кардиомиопатија“)
– Висок крвен притисок (хипертензија)
– Проблеми со срцевите валвули
– Неправилен ритам на срцето (аритмија)
– Токсични супстанци ( како што е алкохолот)
– Вродени срцеви маани
– Дијабет
– Проблеми со тироидната жлезда

Кои се симптомите на срцевата слабост?

Најчести симптоми на срцевата слабост се:
– гушење (особено при физички напор)
– гушење при лежење на равно
– општа слабост и малаксаност
– отоци на нозете (особено на стапалата и глуждот)
– кашлица

Advertisement