Миомoт на матката е (бенигнен) доброќуден тумор. Причините за појавата на миомoт се уште се непознати. Се знае дека миомoт е хормонски зависен тумор и дека за неговиот раст неопходен услов се естрогените.

Миомoт расте при давање на естрогенска терапија и бременост, а се намалува за време на менопауза. Се развива често кај жени со покачена телесна тежина, хипертензија и мастопатија. Честа е и комбинацијата на миом со ендометриоза,  хиперплазија на едометриумот и полицистични јајници. Миомите можат да бидат со големина од оризово зрно до големина на детска глава. Лекувањето е со хирушки зафати, а притоа можете да употребувате и понекои рецепти кои помагаат во неговото лекување.

РЕЦЕПТИ

1. Се земаат 3 големи црвени компири, се лупат, се рендаат и се цедат. Сокот од компирот се пие секое утро на гладен желудник, по половина чаша.

2. Се зема една ќеса семе од коноп и се става во 200 мл врела вода. Тоа заедно се става пак на оган и врие десет минути. Смесата се лади и се процедува. Се пие по 35 супени лажици на ден, 15 дена.

3. Земете листови од морков, независно дали се свежи или исушени. Ќе ги полиете  со врела вода. Од листовите се земаат два ракохвати листови и врз нив се става еден килограм вода. Се тоа заедно отстојува 30 – 40 минути и се пие колку сакате.

Advertisement