Како да го држите крвниот притисок под контрола, без лекови?

Покачениот крвен притисок е познат и под името „тивок убиец“, затоа што многу тешко може да се препознае, а може да
доведе до срцеви болести, срцев и мозочен удар, демененција и откажување на бубрезите. Тој е еден од главните причинители за смртност во Америка и дури 25 отсто од популацијата го има. Дознајте како да го држите под контрола притисокот, без да користите лекови.

ЈАДЕТЕ БАДЕМИ

Бадемите содржат мали количини на натриум, што е од голема важност за одржување на крвниот притисок на здраво ниво. Од друга страна, бадемите се богати со калиум кој помага срцевите мускули и нервните влакненца да останат силни и цврсти. Според нутриционистите, околу 60 грама бадеми дневно е доволна количина за зачувување на здравјето.

ПИЈТЕ ВОДА ОД КОКОС

Истражувањата покажуваат дека калиумот, магнезиумот и витаминот Ц кои се наоѓаат во кокосовата вода  и го прават овој пијалак многу здрав. Најздрава е онаа вода, која може да се најде во младите плодови од кокосот.

ДВИЖЕТЕ СЕ ПОВЕЌЕ

Ако имате редовна физичка активност, шансите да страдате од висок крвен притисок се мали, затоа што вежбањето го јакне срцето, а силното срце испумпува повеќе крв со малку напор. Се на се, половина час вежбање неколку пати во неделата е доволно за да немате проблеми со притисокот.

ПЕЕЈТЕ ПОД ТУШ

Вриштите под перница кога сте под стрес, играте низ куќата, најдете начин да се опуштите и да го избркате стресот. Кога сте под стрес, вашето срце брзо чука, а како резултат на тоа, крвниот притисок расте. Многу е важно со стресот да се изборите на време.

Advertisement