jorgovan

Како антисептик, успешно ги отстранува симптомите на треска придружени со покачена температура, како аналгетик ја ублажува болката, а исто така се користи и за обновување на клетките на црниот дроб.

Јоргованот е омилена декорација на градините, од април до јуни ги бои пејсажите во виолетова, бела и сина боја. Убавината и мирисот на јоргованот, денес ги исполнува парковите во Европа. Цветовите на ова грмушкасто дрво, имаат различни форми, во зависност од сортата на која припаѓа.

Се верува дека потекнува од Балканскиот полуостров. Освен неговата мирисна нота, која широко се користи во индустријата за парфеми, јоргованот има свое место и во народната медицина. Извори тврдат дека неговата кора и лушпа се природни адстрингенси и дека лекуваат дијареа и други проблеми на дигестивниот систем.

 Како антисептик, успешно ги отстранува симптомите на треска придружени со температура. Многу е ефикасен во лекувањето на маларијата, особено оние со тешка клиничка слика. Исто така има и аналгетски својства, а се користи за да се отстрани болката, лекувањето на ревматизам и нервните заболувања ,  помага при регенерација на клетките на црниот дроби ги  отстранува глистите од цревата.

Содржи различни лековити состојки како што се сирингин, танин, горчливи материи, етерични масла, минерали …

Како лек се зема во форма на чај, кој се подготвува така што,  во два децилитра вода се потопува лажичка сецкана кора од дрвото или лушпата од плодот. После тоа, чајот кратко се вари и се остава да остане покриен еден час. Според здравствените проблеми, се пие 1-2 чаши дневно, а во потешки случаи и три.

Маслото од виолетовите цветови е познато како добро средство за третман на ревматизам и масажа, но, исто така и за невралгични болки. Западната народната медицина, ова масло го користи за испирање на устата, за отстранување на висока температура и за чистење на цревата…

Во козметичката индустрија се користи екстратот од јоргован за нежни креми и тоници.