Хормоните во пубертет кај младите работат 300 на саат!

pubertet2Тринаесетгодишно девојче почнало да чувствува чудни промени на телото, и растеле градите, почнале да и се појавуваат срамни влакненца, бурно реагирала и се почеста тема со нејзините другарки биле нивните симпатии. Тоа се само дел од симптомите, кои ги дрмаат младите, кои ја почнуваат фазата на пубертет или народски кажано „лудите“ години. Под поимот пубертет во поширока смисла се подразбира процес на физички промени преку кои детското тело станува возрасно тело, способно за репродукција. Тоа е процес, низ кој под дејството на хормоните, телото на девојчињата и момчињата се менува и созрева.

Во тој период од животот, тие забораваат на се околу нив и пред се, ги ставаат своите желби, како постојано излегување со друштво на журки, бркање девојки или момчиња, потоа првото пробање на алкохол и очекувани бурни и агресивни реакции, бидејќи во пубертетот, хормоните на тинејџерите  работат сто на саат. Младите во тие „луди“ години стануваат непослушни, ги игнорираат своите родители, не им дозволуваат да ги посоветуваат, се прават дека знаат се, а друштвото им е најголем приоритет во животот, со кој го поминуваат повеќето од своето време. Се смета дека девојчињата влегуваат во пубертет порано од момчињата.

Девојчињата вообичаено влегуваат во процесот на пубертет помеѓу 9 – 13 годишна возраст, а завршуваат помеѓу 16 – 17 годишна возраст. Момчињата влегуваат во процесот на пубертет помеѓу 10 – 16 годишна возраст, а од истиот излегуваат помеѓу 17 – 18 годишна возраст. Кај момчињата, основни хормони кои се активираат за време на пубертетот се тестостеронот и андрогенот. Дел од лекарите сметаат дека тоа се едни од најопасните години на младите, бидејќи во тој период тие се прават дека знаат се и дека никој не смее да ги посоветува.

– Може да се каже дека пубертетот е еден од најтешките периоди во животот на младите, бидејќи тогаш хормоните на тинејџерите им работат сто на саат, па сметаат дека се што прават тие, е најдобро. Тогаш почнуваат најинтересните муабети, за симпатии, момчиња, девојки, кој како ги погледнал, каде ќе се сретнат повторно, со што доаѓаат до ситуација да се чувствуваат дека го освоиле светот – објаснуваат психолозите.

Advertisement