Хив инфекција и АИДС

dr-antonkoladorabski_bi3292Предизвикувачот на АИДС (вирусот предизвикувач на хумана имунодифициенција – ХИВ) прв пат е откриен 1983 год, кога е утврдено дека се работи за ретровирус, а во 1985 год. за прв пат е откриен дијагностички серолошки тест за негово откривање. Истата се лекува со помош на антиретровирусна терапија. Постојата два типа на ХИВ, ХИВ -1 и ХИВ -2 (карактеристичен за Западна Африка). ХИВ инфекцијата може да се подели во следните стадиуми: Вирусна трансмисија, Акутна ХИВ инфекција, Хронична ХИВ инфекција (асимптоматкса,  рана симптоматска ХИВ инфекција, АИДС – синдром на стечена имунодифициенција – ЦД4 клетките<200 mikroL и напредната ХИВ инфекција со број на ЦД4 клетките < 50 mikroL.  ХИВ се пренесува по сексуален пат, експозиција на контаминирана крв и од мајка на плод. Акутната фаза на болеста првите 6 месеци се карактеризира со вирусна репликација а од симптоми појава на треска, лимфаденопатија, болно грло, осип, миалгија/атралгија, додека одреден дел на пациенти се асимптоматски.

Периодот на хронична вирусна инфекција следи после раната фаза на инфекција и се карактериизра со стабилни нивоа на вирусот без репликација а со погресивно опаѓање на ЦД4 лимфоцитите. Во оваа фаза најголемиот дел од пациентите се без симптоми, може да се развие генерализиран оток на лимфните јазли. АИДС  (синдром на стечена имунодифицинеција) е фаза која се карактеризира со број на ЦД4 помал од 200/microL или на одредени состојби кои се карактеристични за оваа фаза (бактериски инфекиции –мултипни, рекурентни, системска кандидијаза, криптококоза, циталомегаловирусна инфекција, хистоплазмоза, Капошијев сарком, други опортунистички инфекции и други состојби кои ако се присутни-се всушност критериум за поставување на дијагноза АИДС без разлика на нивоата на ЦД4 клетките.) Мал број на пациенти и покрај не земањето на терапија, имаат многу ниски вредности на присуство на вирусот во крвта, а кај мал број од нив вредноста е толку мала што не може да се детектира и со најсензитивните тестови. Најдобра превенција од ХИВ инфекција се безбедни сексуални односи и основни познавања на болеста и начини за нејзино пренесување.

Спец. Д-р Антон Кладорабски

Кардиолог

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

www.neuromedica.com.mk

Advertisement