Дуњата и нејзината лековита моќ

duna

Таа е разгрането ниско дрво. Потекнува од југозапдна Азија, а кај нас поради плодовите се одгледува во домашни услови.
Дуњата е многу корисно овошје  за јадење бидејки има многу лековити својства. Од семето се изработува густа слузава течност и емулзии, кои се употребуваат против кашлање. Поради таквото дејство , слузта од семето се употребува против воспаленија на дишните патишта :  бронхит, трахеит, ларингит, фарингит и грип. Зрелите плодови се здрава храна и лек. Таа ги заштитува слузницата на цревата, ги собира отровите низ организмот и се препорачува кај хронични дијареи и други цревни заболувања.
Затоа се препорачува да биде стално на нашите трпези.

Advertisement