Дали срцевата слабост е прединфарктна состојба ?

Срцевата слабост не значи дека срцето престанало да работи или дека имате инфаркт, туку дека не може да пумпа доволно крв за потребите на организмот.

Најчести симптоми на срцевата слабост се:

  • гушење ( особено при физички вежби )
  • гушење при лежење на равно
  • општа слабост и малаксаност
  • отоци на нозете ( особено на стапалата и глуждот)
  • кашлица

Срцевата слабост не може да се излечи комплетно. Може само да се намалат симптомите и да се подобри квалитетот  на животот со лекување на примарната болест.

Третманот може да биде оперативен или конзервативен. И, во двата случаја е потребно да се промени стилот на живеење, односно да држите соодветна диета, намалување на физичката активност, а најважно од се е да се земаат лековите навреме и редовно.

Advertisement