Честопати знаете да се скарате со партнерот и кога реално има причина за тоа и кога нема. По кавгата, ситуацијата се смирува, но лутината останува.

Сите парови на различен начин ги решаваат проблемите. Некои се лутат се денови, други набрзина забораваат на кавгата, но има и трети кои кавгата ја решаваат во кревет. Сметаат дека сексот после кавга, е најдобро решение.

Сите оние кои имале секс по расправија, кажуваат дека тој најчесто е експлозивен, бурен и најубав. Но, не се малку и оние кои мислат дека не можат да замислат да имаат секс, откако ќе се искараат со партнерот бидејќи според нив, тогаш тие сакаат да бидат сами.

За време на бурна расправија кај човекот се подига нивото на тестостерон. Тоа е оној хормон кој е одговорен за сексуалната желба и либидотo. Потоа нормално e во таква ситуација да дојде до ослободување на  вишок хормон кој се насобрал. Најдобар начин да се ослободите од него е водењето љубов.

Често пати и покрај тоа што сме свесни дека ние сме погрешиле, се инаетиме и не сакаме да ги признаеме своите грешки, бидејќи така ќе го повредиме нашето его и нашата гордост. Според истражувањата, мажите се оние кои потешко ја признаваат вината. Повеќето мажи,  и покрај тоа што се свесни за сопствените грешки, се уверени дека се во право и не се извинуваат.