Дали бебето треба да се бања секој ден ?

Foam-born baby

Капењето преставува големо задоволство како на бебето , така и на мајката  за која овој чин преставува посебен ритуал.Откако ќе се роди бебето кај мајката се јавува страв околу капењето да не го повреди, но со неколку капења се стекнува вештина и расте взаемното задоволство. Се препорачува капење секој ден, најдобро во вечерните часови. Мајките често пати се во дилема кое средство да го користат за бебето? Во самиот почеток по раѓањето не се препорачуваат агресивни сапуни, ниту миризливи купки, туку само чиста топла вода. Бебето треба да се капе со неутрален бебешки сапун, а подоцна со неутрален бебешки шампон.

Притоа треба да се внимава на пределот околу ушите, наборите на вратот, пазувите и препоните, кои треба да ги миете со вода и со фротирска марамица.Инаку, капењето треба да биде уживање, а не принуда и плачење. По плакнењето се препорачува нежно тапкање со мек пешкир, а главчето се брише малку поенергично. Откако ќе се избрише косичката доколку ја има се чешла со бебешка мека четка. Ако се прескокне некој ден без капење, не треба да се дига паника без потреба.Важно е газето да биде добро измиено, а наборите на кожата избришани, за да не дојде до црвенило и иритација на нежната бебешка кожа.

Advertisement