Човекот не е функционален без доволно спиење

Работната способност на човекот многу зависи од квалитот на сонот. Нереално би било да очекуваме креативна и квалитетна работа од човек кој лошо спиел.Напротив неговата работа ќе биде шаблонска и стереотипна. Често лошиот сон предизвикува емоционална неиздржливост поради неутарлните фактори што стануваат значајни и се манифестираат со гнев и навреда, а со самото тоа се влошува функцијата на одредени психички состојби како што се мислењето, помнењето, вниманието, а реакциите се побавни, координацијата на движењата неусогласени, па дури и зборот ја губи својата ритмичност и се чуствува во него замор и неприроден звук.

nenaspieni luge

Многу од студентите пред испит ја поминуваат ноќта во читање и повторување на матерјалот со убедување дека многу научиле токму таа ноќ. Напротив, мозокот длабоко во ноќта слабо апсорбира и не може да го запамети целиот прочитан матерјал.Освен лицата што го користат сонот како одмор, постојат и такви што го трошат ноќното време за читање на книги, гледање на телевизија, играње карти, шах до раните утрински часови. Таа ноќна будност предизвикува сериозни последици како на пр: несоница, плиток сон и неефикасен, заситеност и оптовареност со кошмари. Тоа често им се случува и на пушачите поради никотинот кој го намалува квалитетот на сонот, и предизвикува често будење и немирно спиење.Слична состојба имаме и кај обожавателите на кафе.Борбата за оптимален и содржаен сон треба да отпочне со создавање корисни навики и тоа: навреме легнување и заспивање и навреме будење и станување. Преку ноќта не треба да се решаваат тешки проблеми,зошто на тој начин создаваме услови за појава на негативни емоции. Крајот на работниот ден завршува со раздразливост и така безначајните работи, настанати преку денот, во ноќните часови кога ќе проработат емоциите, можат да предизвикаат негативни реакции и утрешниот ден човек да го почне со расправии и караници. За тоа сведочи и народната поговорка „ Утрото е помудро од ноќта“

Advertisement