Повеќето од срцевите болести се пренесуваат генетски, но затоа треба превентивно да внимавате, да не дојде до нив. Еве неколку пијалаци кои можат да го подобрат здравјето на вашето срце.
СОК ОД КАЛИНКИ
Антиоксидантната моќ на калинката е многу голема. Новите истражувања покажуваат дека редовното конзумирање на вкусниот сок од калинка може да го заштите вашето срце, така што ќе го намали холестеролот во крвта и ќе го зголеми протокот на крв до срцето. Пијте го свеж, без додатни засладувања.
ЦРН ЧАЈ
Моќните антиоксиднати во црниот чај го унапредуваат здравјето на срцето. Докажано е дека консумирањето на црниот чај го намалува ризикот од настанување на мозочен удар, го намалува лошиот холестерол, ја подобрува функцијата на крвните жили, како и дотокот на крв во срцевите артерии. Пијте свеж црн чај, врел и без засладувачи за негово најдобро дејствување. Неколку чаши од овој чуден напиток дневно го намалуваат ризикот од срцеви болести.
ЗЕЛЕН ЧАЈ
Како и црниот чај, така и зелениот содржи антиоксиданси, кои го чуваат срцето. Истражувањата покажуваат дека зголеменото користење на овој чај го намалува ризикот од заболување на коронарните артерии.
ВОДА
Дехидрацијата може да придонесе за предизвикување на голем број фактори на ризик, кои се потребни за развој на срцеви заболувања, како што е зголемување на вискозитетот на крвта. Кога телото е дехидрирано и му недостасуваат течности, крвта е погуста, што бара од него да троши повеќе енергија. Хроничната дехидрација може да резултира со хипертензија – зголемен крвен притисок. Сепак, со доволно користење на вода, овој проблем може да се реши.