download (6)Босилекот  потекнува од африканскиот континент. Денес е многу распространет во поширокото подрачје на Средоземното Море. Најголеми производители и извозници се Италија, Франција, Мароко, Египет и Калифорнија.

Вкусот е горчлив и ароматичен. Се бере нејзиниот надземен дел, на силно попладневно сонце. Билката се сече до над самата земја, а може да се берат и само листенцата.

Босилекот е најдобар кога се користи свеж, иако може да се употребува и исушен и смрзнат. Сувиот босилек губи многу од својата арома, па затоа е многу подобро да се замрзне. Термичката обработка исто така го уништува вкусот поради што босилекот треба да се додава сосема на крајот од приготвувањето.

Поради пријатниот мирис, босилекот е еден од најпопуларните кулинарски зачини, особено во италијанската и француска  кујна. Се употребува при подготвувањето на зеленчукови супи, сосови, тестенини, полесена храна од месо, живина, риба и морски плодови, а свежиот босилек се користи во салати.

Има широка примена и во народната медицина. Чајот од босилек е корисен за смирување на нервниот систем, како и против несоница. Помага при грчеви и воспаленија во желудникот, цревата и го подобрува апетитот. Семето од босилек се користи за лечење на мочните патишта. Помага при астма и разни кашлици.