piramida_na_ishranaВо денешно време кога сите некаде брзаат, не стигнуваат мирно да
изедат нормален оброк, ниту пак да се погрижат тој да биде здрав. Брзиот начин на живот, работата и стресот дополнително оневозможуваат граѓаните правилно да се хранат и да живеат здрав живот. Затоа постојат неколку правила што треба да се почитуваат:

1. Главните оброци и меѓу оброци секогаш земајте ги итприлика во исто време. Потрудете се секој ден да доручкувате од 7 до 9 часот, да ручате околу 13 часот и да вечерате најдоцна со 19 часот.

2. Појадокот би требало да се состои од повеќе намирници. Најдобра комбинација се мусли со овошје и обрано млеко или леб од интегрално брашно со мед, мармалад или свежо сирење и патлиџан.

3. Ако сакате да јадете во ресторани, наместо пица порачајте јадење со зеленчук.

4. Надополнете го топлото јадење со салата, а мрсниот прелив заменете го со маслиново масло и јаболков оцет.

5. Наместо десерт или колачи, на крајот од оброкот напијте се кафе бидејќи го потикнува варењето, за разлика од чајот.

6. Иако не се забранети намирници како што е месото, виршлите или слатките, на вашата трпеза не би смееле да бидат почесто од два пати во седмицата, бидејќи не се добри за варењето.

7. Два пати во неделата за вечера јадете само варен заленчук.

8. Во текот на денот пијте најчесто негазирана вода или зелен чај, а доколку сакате да се почастите со вашиот омилен пијалок, вино или пиво, во текот на денот можете да се почестите со една чаша.