5 грешки кои родителите ги прават со децата кои не ги слушаат

Не е лесно да се биде родител или учител, бидејќи сите го немаат потребното однесување кон детето. Многу родители очекуваат детето нешто да сфати и да ги послуша, но притоа му даваат насоки на погрешен начин, со искуство кое го стекнуваат на сопствените постапки и грешки.

Без обзир дали се работи за давање насока, наредба, молба или воопшто не го слушаат родителот – таквите ситуации често се фрустрирачки. Затоа, некои родители креваат раце и сè прават сами, некои почнуваат да викаат, повторуваат или да му се лутат на детето обидувајќи се да го натераат да ги послуша.

Меѓутоа, детските психолози велат дека можеби главниот проблем не лежи во детското игнорирање, туку во погрешните насоки кои родителите им ги даваат на децата.

Доколку вашите деца не ве послушаат од прв пат, обидете се да размислите за начинот на кој сте им се обратиле и сте побарале нешто од нив. Можеби во тоа „лежи зајакот”?

Можеби им давате премногу насоки/опомени/барања?

Можеби вашето дете е оптоварено со премногу „немој ова, направи тоа”. Без обзир дали станува збор за обична наредба од типот „земи си ги чорапите” или опомена од типот „не тропај со лажицата на маса”, а вашето дете не ве слуша, можеби проблемот е во тоа што во текот на еден ден е премногу често мета на ваши наредби и опомени.

Во такви ситуации децата често знаат да го премолчат тоа што им го кажувате. Можеби вие сте гласни и јасни, но нив звукот од вашиот гас често знае да им се претвори во некој позадински звук кој го слушаат, а не го регистрираат. Затоа што премногу често слушаат токму тоа – опомени.

Можеби им давате нејасни насоки?

Родителите мораат да бидат авторитети, па затоа и нивните насоки мораат да звучат авторитетно. Бидејќи ако детето го замолите „те молам исмиј си ги забите”, тоа звучи убаво, но во детската глава ќе недостасува онаа доза на јазнанаредба сега/одма/нема преговарање за тоа.

Авторитетниот став е многу важен. Тоа не значи тренирање на строгост, туку јасна наредба со каква ние се соочуваме речиси секојдневно (на работа) и таков став мора да знаеме да примениме на своите деца. Бидејќи авторитетите се важни. А тие не се Баба Рога.

Доколку често повторувате, детето лесно ќе се навикне на тоа

Доколку првиот пат не ве послушале, па вториот пат ја повторувате наредбата, а тие и понатаму вешто ве игнорираат – можеби главниот проблем лежи во тоа што тие веќе одамна знаат дека својата наредба ќе ја повторувате. Зошто тогаш би морале да послушаат од прва?

Посебно доколку постојано им говорите „ти кажав веќе пет пати, нема да повторувам…”Наместо тоа, употребувајте една опомена и една „доколку не ме послушаш следи…”

Оваа промена нема да може да ја направите за еден ден, но по неколку истуации ќе ја сфатат поентата и ќе послушаат од прва.

Не слушаат бидејќи не ги чувствуваат последиците

Залудните опомени кои не ги остварувате, ниту планирате да ги остварите бидејќи ви е жал за детето е ситуација која детето секако ќе ја сврти во своја корист. Доколку нема последици, зошто тие би правеле тоа што не им се прави?

Затоа, променете ги правилата на однесување, воведете последици и бидете доследни.

Наградете ги!

Не, не мора да му давате мито на детето во облик на нова играчка за секоја работа за која ве послушало, но децата сепак имаат потреба да бидат наградени. Не материјално, туку од срце со големо благодарам. Благодарноста не е само темел на добите манири, туку и темел на доброто воспитување и со самото тоа задоволни родители и задоволни деца.

Голема насмевка, допир по образ и јасно „благодарам” секако дека на детето ќе му биде доволна благодарност за нешто што направиле. Децата, исто како и возрасните, сакаат да бидат пофалени, тоа на сите ни предизвикува мало, но важно задоволство, па доколку останете доследни во таквите мали, но воедно големи пофалби, вашето дете сигурно почесто ќе се труди навистина да ве послуша од прва.

Advertisement