Околу 34 отсто од жените сакаат подолг секс, покажуваат истражувањата што ги натера сексолозите да дадат неколку совети за тоа – како да го продолжите љубовното уживање.

Овие совети ќе ви помогнат да го продолжите задоволството:

Дишете длабоко!

Така ќе го намалите нивото на возбуда. Најдобар начин е да дишете во еден ритам, уште за време на предиграта. Научниците ги советуваат жените да доживеат оргазам уште за време на љубовната игра. На тој начин и двајцата ќе се опуштат и ќе ги зголемат шансите да доживаат второ истовремено задоволство. Покрај тоа, откако ќе стигнат до големото „О“, веќе вториот пат е полесно.

Доведете го до лудило за време на предиграта…

Кога го стимулирате мажот добро пред да започнете, сексот би требало да трае подолго. Кога работите се доближуваат до крајот, направете мала пауза. Така ќе ја намалите возбудата и сексот нема да заврши толку брзо, советуваат експертите.

Користете кондоми за продолжено дејство…

Користете кондоми, кои го намалуваат чувството  на „експлозија“ и помагаат да останете во кревет два пати подолго.

Внимавајте во која поза ќе започнете!

Последниот трик е да ја избегнувате кучешката поза во почетокот, бидејќи е докажано дека најмногу партнери го завршуваат сексот во оваа поза.

Сподели