Зошто зеваме?


Кога зеваме? Кога сме уморни, кога ни се спие или кога ни е досадно. Прозевањето е чудна и уште поголема мистерија од физиолошка гледна точка. Медицински се вбројуваат во т.н безусловни рефлекси. Има и нешто друго, кое секој го има забележано – прозевањето е заразно. Зошто е тоа така? Ако еден почне да се прозева, како по команда се прозеваат и другите наоколу? Всушност, причините за прозевање не се точно познати.

Постојат неколку верзии. Замор на нервните клетки. Некои научници сметаат дека прозевањето доаѓа кога е намалена работоспособноста на нервните клетки – при физички замор, пред или по спиење. Се смета дека чувството за здодевност делува на организмот како хипнотици.

Некои функции во организмот се попречени: дишењето станува поретко и подлабоко. Во крвта се акумулираат отпадни материи и за да се ослободи од нив, организмот вклучува рефлекси како што е прозевањето. Бидејќи кај зевањето се напрегнува вратот, мускулите на лицето (особено околу устата ), снабдувањето на крвта се активира, па оттука и хранењето на садовите во главниот мозок. Штетните материи се испуштаат и за некое време мозочната активност се подобрува.

Кај многумина е забележано дека прозевањето се појавува како неразумна последица пред некое важно искушение – испит, трка, говорење . Ова помага да се понесе товарот, бидејќи мозокот добива повеќе кислород и чувството на страв и загриженост се притиснува.

Американските научници од Универзитетот во Бинхемпетн утврдиле дека меѓу главните причини за прозевање е … прегревање на мозокот. Достигнувајќи одредена критична температура, мозокот почнува да работи полошо. Прозевањето, кое претставува длабоко вдишување и издишување брзо, обезбедува свежина воздух кој ја лади крвта и преку неа мозокот.

Истражувачите претпоставуваат дека прозевањето може да се насочува и кон болести кои се поврзани со оштетена терморегулација на мозокот. Не случајно, честите зевања се меѓу симптомите на мултиплекс склероза. Покрај тоа, таа често е предвесник и на епилептични напади и напади на мигрена. Затоа, луѓето кои имаат често и неразумно зевање, треба да се обратат на невролог. Заразителноста на прозевањето е само рефлекс на имитација. Експерименти на британски научници покажуваат дека на оваа “зараза ” подлегнуваат 60 отсто од поединците.

Scroll To Top