cute-baby“Беше толку послушно момче, а сега што се случи?! Ја слушаме често оваа реплика од мајките. Комуникацијата со детето носи само разочарување, а непослушноста стана норма. И вечните прашања “Зошто?” и “Што да правам?”

Кои се причините за непослушноста на детето?

1. Детето се бори за внимание

Ако родителите се постојано зафатени, детето не добива доволно внимание потребно за неговиот нормален развој. Каков е исходот за него? Која е неговата реакција? Неговата непослушност – ова е реакцијата на потсвесно ниво, тоа е начин за привлекување на вниманието на родителите кое му е потребно и неопходно на секое дете.

2. Сопственото јас

Грижата на родителите понекогаш е прекумерна, а децата се многу чувствителни во однос на одбраната на сопственото Јас. Тие почнуваат да се бунтуваат и да се борат, да го наметнат своето право и да решаваат самостојно што да прават и како.

3. Навреда

Децата често се навредуваат … поради груб збор, неправедно казнување, поголемо внимание кон помалото дете, итн. Тоа чувствува болка и страдање, а надворешниот израз на оваа реакција е непослушност и протести. Реакцијата му се одразува без зборови: “вие ме повредивте, сега и јас вас ќе ве повредам”.

4. Губење на верба во сопствениот успех

Детето може да загуби верба во сопствените сили и успех во некоја област и да го замени овој недостаток на вера со неуспеси во сосема друга област. На пример, ако има проблеми со соучениците, како последица на тоа може да го намали неговиот успех во училиштето. Или заради проблемите дома, да се појават проблеми во училиштето. Ова е последица на ниската самооценка на детето.

Тоа има природна потреба од внимание, од родителска грижа и љубов, од родителско признание и почит на неговата личност, од чувството за правда и желба за успех. Проблемите со децата се појавуваат, тогаш кога тие страдаат поради нереализираните потреби и со ” најтешкото ” однесување се обидуваат да ги исполнат. Децата не знаат други начини за да изреагираат и да го покажат незадоволството, затоа избираат однесување,  кон кое родителите не можат да останат рамнодушни.

Што можеме да направиме во такви ситуации ?

Прво , важно е да се разбере вистинската причина за непослушноста и лошото однесување на детето. Обрнете внимание на сопствените чувства и на вашите емоционални реакции. Според психолозите, родителските емоции и искуствата се своевидно огледало за скриените емоционални проблеми на детето. Така на пример , ако активностите и реакциите на детето предизвикуваат кај вас иритација, значи пред сè тоа се бори за вашето внимание. Ако се чувствувате навредени, значи детето ви се одмаздува за нешто, Ако чувствувате очај и безнадежност, тогаш веројатно детето страда од губење на вербата во себе.

Второ, разбирајќи ја причината за непослушноста на детето, обидете се да реагирате поразлично од вообиачено. Пробајте да го прикриете своето незадоволство. Да, не е лесно тоа, особено кога ќе се земе предвид фактот дека нашите емоции понекогаш се посилни од нас. Но, сепак е можно и вреди да го промените начинот на кој комуницирате со вашето дете. Не го казнувајте, а набљудувајте ги сопствените емоционални реакции за неговото однесување – тие ќе ви кажат многу.

Покажете му на вашето дете позитивен став.