Црниот пипер со векови се смета за „крал на зачините“. Освен што служи како зачин за храна, тој бил и нопходен конзерванс за месото и другите и  расипливи животински продукти. Храната на тој начин можела да се сочува една година или повеќе, без ладилник.

Денес лекарите го сметаат црниот пипер за зачин, кој помага во намалување на обемот на половината.Црниот пипер не донесува драстични резултати набрзина, но кој и да се обидел да го истопи вишокот килограми, многу добро знаеме дека секоја помош е вредна и добредојдена. Кога ќе го сумирате ефектот на неколку такви ситни чекори, добивате конкретни резултати.

Моќта на црниот пипер лежи во неговата состојка пиперин, кој му дава специфичен вкус и има противвоспалително дејство. Некои студии дури покажале дека штити и од одредени видови на рак. Пиперинот е исто така, моќно оружје против дебелината.

Тој го намалува високиот притисок, ја подобрува толеранцијата на гликоза, го намалува нивото на оксидативниот стрес и воспаленијата, а истовремено ја подобрува функцијата на црниот дроб.

loading...
Сподели