Сезоната на вкусните и слатки цреши наскоро ќе започне, а уживањето во нивниот незаменлив вкус ќе ви се зголеми дополнително кога ќе дознаете колку тие позитивно влијаат на здравјето.

Наполнете ја чинијата со цреши, бидејќи заради овие 5 здрави придобивки ќе ги засакате уште повеќе:

1. Црешите содржат витамини кои можат да ве заштитат од рак

Комбинацијата на витамин Ц, антиоксидансите и каротеноидите се еден вид на „анти-канцер” тим, а секако нив ќе ги пронајдете токму во црешите.

2. Борба против несоница

Црешите содржат состојка наречена мелатонин, која веројатно сте ја земале како дел од некои медикаменти за подобро спиење. Но, преку консумирањето на цреши на природен начин ќе се изборите против несоницата.

3. Против целулит и брчки

Црешите содржат огромна количина на витаминот Ц и цинк, кој се важни за отпорноста на организмот, потоа фолна киселина за здраво срце, калциум за коските… Највредни од сите овие се билните пигменти кои се наоѓаат во црешите, а го зајакнуваат ткивото и ја спречуваат појавата на брчките и целулитот.

4. Слабеење на здрав начин

Црешите содржат малку калории, немаат маснотии, а имаат многу вода. Тие ќе ви помогнат да го забрзате метаболизмот и да ослабете на здрав и природен начин.

5. Против физички болки

За сите оние кои редовно вежбаат се препорачува дневна доза од 250g цреши три пати на ден. Доколку пак имате болки во мускулите можете лесно да ги ублажите со една чинија цреши. Освен при физички напор, црешите ќе ви помогнат и при психички напор. Па така после долгиот работен ден освежете се со овие вкусни овошки.

Сподели