Ако сакате да уживате во една прекрасна интимна врска со вашиот партнер, треба да се грижите за вашето одлично сексуално здравје.

Нешто едноставно како што е уринирање веднаш по завршувањето на сексуалниот чин – носи големи бенефиции за вас и вашето тело, кои помагаат во борбата против инфекции кои можат да ја загрозат вашата физичка благосостојба.

По секусалниот чин, разни микроби и бактерии навлегуваат во пределот на гениталиите и ректумот и се акумулираат во уретрата, па на тој начин се зголемува ризикот од инфекции во мочниот меур.

Всушност, се покажало дека ова е една од најчестите причини за инфекции на уринарниот тракт кај жените, и тоа е причината што експертите ја истакнуваат важноста за уринирање беднаш по сексот.​

Покрај тоа, лекарите велат дека за разлика од мажите, женската ејакулација не се случува преку уретрата, па така, единствениот начин да се исфрлат сите оние супстанции или честички кои се внеле во текот на пенетрацијата е преку мокрење, па затоа се препорачува да не се заборава овој важен совет, откако ќе заврши сексот.

Се препорачува да не брзате и да уринирате по можност – 45 минути по пенетрацијата.

Исто така, се инсистира на употребата на кондоми како побезбеден и посигурен начин за заштита од овие инфекции, а исто така и од сексуално преносливи болести кои можат сериозно да го загрозат вашето и здравјето и на вашиот партнер.

Важно е да се знае дека одржувањето на личната хигиена непосредно и после сексот исто така е клучно за избегнување на инфекции на уринарниот тракт, за заштита на вашето здравје и овозможување на удобен интимен живот.

Ова особено важи за жените кои се склони на циститис: вагината треба да се мие со вода и малку неутрален рН сапун.

loading...
Сподели