Знаете ли дека малку популарното во Maкедонија козјо млеко всушност претставува 65% од потрошувачката на млеко во светот? Причините за тоа се многу, а меѓу нив се докажани здравствените придобивки од редовната консумација на козјо млеко.

Претставува богат извор на биоразградлив калциум, железо, фосфор и магнезиум и ги содржи во поголеми концентрации од кравјото млеко. Исто така, содржи и околу 40 проценти помалку цитрати во однос на кравјото млеко.

Само една чаша козјо млеко обезбедува 33% од дневната доза калциум.

Козјото млеко е преполно со калциум и фосфор, кои се важни за цврстината на коските, како и цинк и селен, силни антиоксиданси кои го одржуваат имунолошкиот систем. Бројни научници го препорачуваат козјото млеко на луѓето кои страдаат од анемија предизвикана од недостаток на железо.

Истражувањата покажаа дека ова млеко полесно се вари од кравјото и дека има ниско ниво на алергени.

Во себе содржи мноштво протеини богати со важни аминокиселини, широка лепеза на витамини и нема тешко сварливи масти. Бидејќи содржи помалку лактоза, полесно се вари од кравјото млеко.

Со оглед на тоа дека козите ги јадат само корите од билките, нивното млеко е богато и со силициум, минерал кој позитивно влијае на кожата, косата, ноктите и нервниот систем.

Сурутката, козјото сирење и јогуртот се најмоќните природни средства за зајакнување на имунитетот.

Сурутката, козјото сирење и јогуртот се значителни за обнова и изградба на коските, ја подобруваат работата на дигестивниот тракт, се препорачуваат како превенција и терапија за лицата со заболен црн дроб, остеопороза, зголемен холестерол и крвен притисок, воспалителни процеси, како и за подобрување на работата на бубрезите.

Advertisement