Сувото овошје  настанува со сушење и дехидритација на зрелото овошје до степен да му се овозможи подолготраен рок. Тоа е вистински концентрат на хранливи материи и енергија, а поради тоа што содржи минерали и витамини, треба да се користи и како диететска храна.

Разликата помеѓу сувото овошје кое има лушпа и она што е меко е во количеството калории што ги содржат.

Имено, во 100 г кикиритки има б80 калории, додека пак во сувите смокви или кајсии има 250-300 калории, што е за половина помалку. Токму поради тоа, наместо сувото овошје да се консумира на крајот од оброкот, подобро е тоа да се земе како еден вид „енергетска лажица“ за време на првиот оброк.

Сувото овошје не содржи холестерол

Мекото суво овошје не содржи никакви маснотии, а она суво овошје што има лушпа не содржи холестерол. Меѓутоа во него преовладуваат незаситените масти (кои ги има 40-50%), кои пак помагаат да се отстрани холестеролот од крвта со што го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Како треба да се јаде сувото овошје?

Современите нутриционисти сметаат дека сувото овошје треба да се јаде во умерена количина во текот на целата година. Треба да се избегнува после главниот оброк, бидејќи го успорува варењето, а донесува премногу калории.

Бананите треба да се јадат бидејќи се добри против стрест, додека една рака суво грозје заситува и го намалува гладот, а шеќерите од него помогнуваат полесно да се поднесуваат физичките и менталните напори.

Оние кои сакаат да ослабат, им се препорачуваат суви сливи и смокви, бидејќи содржат влакна. Во случај многу да сте гладни, каснете две, три смокви бидејќи се богати со магнезиум и влакна, а помалку калорични во однос на другото суво овошје.

loading...
Сподели