Зошто телото понекогаш лошо мириса – откријте на време и спречете?

miris

Честопати се случува да имате впечаток дека нешто на вашето тело мириса лошо, или пак, народски кажано, смрди. Иако знаете дека облеката што ја носите е чиста и исперена, а вие сте истуширани, сепак, нешто се случува околу вас, за што немате одговор. Сепак постојат некои работи кој би можеле да ги избегнете, а кој се директни причинители за непријатниот мирис на телото.

Некои луѓе имаат непријатен мирис на телото поради храната која вообичаено ја готват дома и состојките кој ги употребуваат. Мирисот на јаки зачини, пржено, маст, освен во завесите и останатата покуќнина се задржуваат и во телото, а притоа и да не го забележувате вие тој мирис. Голем проблем за непријатниот мирис на телото е и лошото варење. Овде не станува збор само за гасови. Кога цревата се подуени, а повеќе од три дена не сте се олесниле, токсините во телото почнуваат да се ослободуваат преку порите на кожата, а тоа создава непријатен мирис, кој знае да биде и многу интензивен.

Веќе е и научно докажано, дека најчест причинител за непријатен мирис на телото е стресот. Тој создава анксиозност, испушта кортизол – хормон на стресот, кој пак предизвикува потење. Потта сама по себе, нема мирис, но кога ќе дојде во допир со бактериите на кожата почнува да се шири непријатен мирис. Други предизвикувачи на лошиот мирис се уринарните инфекции, лошиот здив, дезодорансите.

 

Scroll To Top