Зошто не треба да јадете виршли?

virsli

Погледнете како виршлите негативно влијаат на вашиот организам и на севкупното здравје.

1. Се создава сало

Виршлите секако не се нешто што би ви го препорачал нутриционист, бидејќи имаат многу калории. Во комбинација со бела кифла, додавате уште 100 калории кои директно се претвораат во сало на вашиот стомак.

2. Полни се со вода

Сите видови виршли се полни со натриум и со маснотии. Не постои нешто што може да се смета за здрав хот-дог, не само поради тоа што многу дебелее, туку поради тоа што преку виршлите внесувате големи количества натриум во организмот, што воопшто не е здраво.

3. Пилешките виршли 

Ако се определите за пилешки или мисиркини виршли, бидејќи мислите дека имаат помалку маснотии, можеби сте во право, но секако мора да бидете внимателни, бидејќи производителите обично, наместо маснотии, во виршлите додаваат сол. На пример, виршлите од мисирка имаат 2 грама заситени маснотии и 99 калории, но имаат 500 грама сол, додека пилешките имаат дури 600 мг сол, што е речиси една третина од препорачаниот дневен внес. Уште ако додадете кечап, мајонез и сенф, количеството на сол уште повеќе се зголемува.

4. Полни се со нитрати

Во виршлите најчесто се додаваат нитрити и нитрати, адитиви кои го продолжуваат рокот на траење на овие продукти. Зголемениот внес на натриум  нитрат се поврзува со поголем ризик од добивање рак.

5. Не се од органско потекло

Многу тешко е да се најдат виршли, кои се направени од месо од органски одгледувани животни, кои не примале хормони.

6. Лоши се за трудниците

Во виршлите често се развива бактеријата листерија која предизвикува создавање на болеста листериоза. Ова заболување може да доведе до спонтан абортус, како и до многу други сериозни здравствени проблеми.

Scroll To Top