Откако ќе се породат мајките, тие на некој начин почнуваат да се соживуваат со своите бебиња како да се едно тело. Дали на овој начин тие ја искажуваат својата преголема љубов кон своите малечки засега останува енигма. На социјалните мрежи има неколку групи направени од новопечени мајки кои бараат помош од поискусните од нив за многу нејаснотии поврзани околу нивното бебе, дали му се појавило нешто, кога да прекинат да го дојат, дали треба да се крсти или и уште многу други.

bebeimajka

Меѓутоа постои една интересна дебата што деновиве го привлече вниманието на повеќето, а тоа е зошто мајките кога зборуваат за своето новороденче секогаш зборуваат во множина. На пример, „Се банкавме со бекутанче“, „јадевме овошни кашички“, „пиевме млекце“. Дел од мајките со кои поразговаравме на таа тема велат дека животот на нивното новороденче станува нивни живот, додека други пак, се со различен став. Тие велат дека, иако поврзаноста меѓу мајката и бебето е многу голема, сепак се работи за две суштества.

Како и да е, бебето отвора нова страница во животот на сите родители. Затоа сите уживајте во моментите поминати со вашите новороденчиња.

Сподели