Гравот во последно време се повеќе се препорачува од страна на нутриционистите. Здравата исхрана е секогаш во тренд. Но сигурно се прашувате зошто гравот е неопходен за организмот?

Гравот има голема количина на растителни влакна кои имаат големо влијание за одржување на здравата телесна тежина. Го намалува ризикот од појава на повеќе болести меѓу кои е и дијабетесот, го намалува нивото на лошиот холестерол и го штити срцето.

Зрнестите плодови се високо препорачани од многу нутриционисти!

Гравот е само еден од нив. Интересно е тоа дека гравот има поволни ефекти и на менталното здравје поради витаминот тиамин кој учествува во производството на енергија и синтезата на ацетилколин, неуротрансиметорт за помнење. Неговиот недостаток е поврзан со менталните болести во староста како што е Алцхајмеровата болест.

Гравот има скоро идеален нутритивен состав!

Гравот е побогат со протеини и од месото. Најдобро е гравот да се консумира со житарици, бидејќи таквиот оброк содржи полна доза на есенцијални аминокиселини кои му се потребни на човекот, советуваат научниците.

loading...
Сподели