Зошто Бил Гејтс после вечерата остава мал бакшиш?

Бил Гејтс после вечерата, му дава 5 долари бакшиш на келнерот.
Тој го погледнува со чуден поглед и останува скаменет.
Гејтс го приметува тоа и го прашува, во што е проблемот?

Келнерот: Јас сум изненаден! Вашиот син на истава маса ми даде бакшиш од 500 долари, Вие неговиот татко, најбогатиот човек во светот ми дадовте само 5 долари…

Гејтс се насмевна и му одговори: Тој е син на најбогатиот човек во светот, но јас сум син на шумар…

(Никогаш не заборавајте го вашето минато бидејки тоа е најдобриот ваш учител)

Advertisement