Луѓето на различни начини ги изразуваат своите емоции. Со плачењето главно се поврзува длабоко чувство на тага.

Според психолозите плачењето е здраво, а лицата кои често плачат се посебни.

Плачењето го намалува стресот – ако сте личност која лесно ги покажуваа емоциите, тогаш лесно ќе се носите и со животните ситуации. Откако ќе се исплачете ќе почувствувате олеснување и појасно ќе гледате на ситуацијата која ве растажила.

Покажувате дека не се плашите од сопствените чувства – плачењето исто така  знак дека не се плашите од тоа што го чувствувате. Плачењето е знак дека ја прифаќате својата ранливост и чувствителност. Плачењето е знак за здраво срце и ум.

Покажувате колку сте храбри – лицата кои ги покажуваат своите емоции се храбри и автентични. Поважна им е вистината, отколку да се грижат што ќе кажат другите за нив.

Кога ќе ги прифатите своите чувства, а плачењето е дел од тој процес, полесно ќе ги отпуштате чувствата кои ве потиштуваат.

Сподели