Жолт кантарион – лек за стомачни заболувања

жути кантарион

Жолтиот кантарион е повеќегодишно коренско растение. Стеблата се прави, тенки, со два раба, високи до 80 см, кон врвот разгранети. Листовите се прости, голи, полегнати, долги до 2 цм. Целиот лист  е со мали точки, а цветовите се собрани во метловидни соцветија. Цвета во мај-април, а раѓа плод во јули – октомври.

Тој е лек од античко време. Преставува извонреден лек за стомачни заболувања, воспален желудник, чир на дванаесетпалачното црево, воспаление на тенкото  и дебелото  црево, како и при воспалени хемороиди. Доста ефикасен е и за лекување на проливи кај деца и возрасни.

Во стоматологијата, кантарионот се користи во форма на капки, тинктура и чај за лекување на  воспаление на непцата и парадентоза. Најголема примена има за лекување на повреди и рани на кожата и за лекување на опекотини од највисок степен. Помага и на луѓе кои имаат хронична и акутна депресија, ја помага циркулацијата и кај пациенти кои имаат проблеми со артериска и венска циркулација и дава добри резултати.

ЧАЈ  

Во пола литар врела вода се ставаат неколку китки од кантарионот, киснат 15-30 мин, се процедува и се пие засладено со мед, но може да биде и незасладено. Пациентите кои страдаат од стомачни заболувања можат да го пијат и ладен. Чајот не смее да врие, бидејќи ја губи лековитоста.

Најинтерсен лек е кантарионовото масло кое можете да го прочитате на нашиот портал. Ако сте во природа и случајно се повредите, доволно е да ги истиснете врвовите на цветот од кантарион, ќе се појави етерно масло и со тоа премачкајте го повреденото место, ефектот е неверојатен.

Scroll To Top