Жештините во менопауза го зголемуваат лошиот холестерол

zena vo menopauzaПознато е дека топлите бранови што доаѓаат заедно со менопаузата се поврзуваат со зголемениот ризик од болести на срцето кај  жените. Меѓутоа, научниците откриле дека постои врска меѓу непријатните жештини и зголеменото ниво на холестерол.

Нападите на жештина се симптоми на менопаузата, кои можат во голема мера да влијаат на квалитетот на животот на жените. Ненадејните чуства на растечки жештини се често придружени со непријатно потење, кое може да
биде  исклучително обилно.  Освен што предизвикуваат непријатност, валунзите сериозно му штетат на квалитетот на сонот.

Научниците утврдиле дека валунзите и ноќното потење можат да бидат знак за зголемено  ниво на лошиот холестерол ( ЛДЛ), кој е важен ризичен фактор за срцев или мозочен удар. Менопаузата е поврзана со срцевите заболувања, затоа е важно жените да се консултираат со лекар за да може да се процени ризикот од болести на крвните садови, советуваат стручњаците.

 

Advertisement