Луѓето се познати по тоа што редовно ги игнорираат знаците кои може да упатуваат на сериозни здравствени проблеми.

Ова е список со симптоми на кои треба да обратите внимание и да посетите лекар доколку е потребно.

Долготрајна подуеност

Ракот на јајници е прв по смртност меѓу малигните болести на репродуктивните органи, а поради неговите збунувачки симптоми често се нарекува и тивок убиец.

Експертите истакнуваат дека токму подуеноста е прв знак на оваа болест, која подоцна се развива во проблеми со обавување на мала и голема нужда, болки во грбот и карлицата.

При појава на овие симптоми треба да се направи ултразвук, гинеколошки преглед, како и вадење на тумор-маркери.

Промени на дојките

На повеќето им е познат фактот дека дојките мора редовно да се прегледуваат поради евентуални јазолчиња кои се симптом на рак.

Но, она што е помалку познато е дека постојат и други симптоми кои може да упатуваат на сериозни медицински проблеми. Обратете внимание на црвенило, перутање на кожата, осип кој не се повлекува и вовлекување на брадавиците.

Крвавење кога не треба да биде

Иако вагиналниот исцедок е вообичаени, ако тој е долготраен, има интензивен мирис или пак содржи сукрвица, тогаш може да биде знак за рак на грлото на матката.

Уште еден знак за предупредување е крвавење после менопауза, т.е. кај жени кои немале менструација подолго од 12 месеци.

Потешкотии со голтањето

Не сте настинати а имате поголеми потешкотии при голтањето, итно одете на преглед. Тоа може да биде симптом за рак на грлото.

Крв на погрешно место, зачестен и опасен симптом:

Рак на дебелото црево е трето најчесто малигно заболување меѓу жените, а еден од неговите симптоми е крвавење од ректумот.

Крвта во столицата многумина ја поврзауваат со хемороиди, но ако со темната или свежа крв се јавуваат и симптоми како што се промена и редовност или изгледот на столицата, задолжително посетете лекар.

Колоноскопија е преглед кој спасува животи, еднакво како и брзото воочување на симптомите, истакнуваат докторите.

Чувство на киселина на желудникот и лошо расположение

Постојат истражувања кои ја поврзуваат депресијата и болката во желудникот со симптоми на рак на панкреасот.

Спора дигестија

Дигестивните проблеми, особено ако се долготрајни, може да упатуваат на разни болести – рак на грло, желудник или хранопроводник.

Промена во лимфните јазли

Ако лимфните јазли се болни, тврди или зголемени, посетите лекар. Тоа особено се однесува на лимфните јазли во областа на вратот и пазувите, како и на оние кои може да се поврзат со некоја претходна болест или воспаление.

Тие може да упатуваат на појава на карцином на штитната жлезда, но и други болести. Биопсија на јазолот е ефикасен и проверен начин за анализа и утврдување на здравствената состојба.

Грозница

Грозницата или повишена температура која никако не престанува е знак за грижа, па задолжително проверете ја крвта. Понекогаш, тоа е симптом за рак на крвта.

Хроничен умор

Хроничниот умор кој не се подобрува ни после подолг период на одмор и спиење, е општ симптом кој може да упатува на малигни заболувања. Леукемија, карциноми на дигестивниот тракт и други тумори може да доведат до појава на умор, поради што е многу важно да се најде конкретната причина. Без разлика дали станува збор за помал или поголем здравствен проблем, најважно е да се открие причината, истакнуваат експертите.

Необјасниво слабеење или дебелеење!

Ако одеднаш изгубите или добиете повеќе од пет килограми, а не ги менувате своите прехрамбени или навиките во вежбањето, а таа пракса се продолжува со месеци, тоа е општ знак дека во организмот нешто не е во ред.

Повеќето заболени од рак потврдиле дека со месеци слабееле пред да отидат на преглед на лекар, а иако тоа може да биде знак за прекумерна работа на штитната желзда или пак дијабетес, поголеми промени во тежината бараат обемен систематски преглед.

Упорна кашлица

Секоја кашлица која не поминува за две до три седмици после болеста, алергија или настинка, е знак за посета на лекар. Тоа особено се однесува ако со кашлицата се појави и сукрвица, а е поврзано и со пушењето.

Експертите тврдат дека пушењето е главен виновник за појава на рак кај жените, но еднакво можат да заболат и непушачите. Рентгенската снимка на белите дробови и СТ ќе го отстранат сомнежот за постоење на болест.

Промена на кожа

Без разлика дали станува збор за бенки, пигметациски дамки или пак ранички на слузокожата кои не зараснуваат, секоја промена е причина за советување со лекар. Појава на нови бенки не мора да биде причина за загриженост, но секако посетете дерматолог ако бенката започне да крвави или да ја менува бојата.

Извор: NMD.mk

loading...
Сподели