Жената одлучува дали ќе зрачи

UBAVA ZENA

Секоја жена може да биде многу убава, но вистината е дека многу често сретнуваме жени потенцијално прекрасни, но робови на мошне застарени сфаќања. Обично жените домаќинки ги запоставуваат грижите за убавината, здравјето и соодветнот начин на исхрана, затоа што немале доволно време да станат дел од  дневноит режим.

А,што мислите што сме правеле во слободното време? Го потрошивме во средување на домот? Да,и тоа треба, но не треба да заборавиме да се средиме внатрешно односно нашиот внатрешен дом. Не е неопходно да се откажете од себеси , за да ги сакате другите. Само ако се сакате себеси и вистински се почитувате , можете и на другите да им оставите впечаток.

Создадете си време само за себе и пред излегување , дали на работи или било кое друго место , наместете го будилникот 30 минути порано да звони. Започнете со ритуали и процеси кои сте си го намениле само за вас и ќе видите дека тоа брзо ќе се претвори во неопходност, како и дишењето Ако навистина оцените дека во денот немате доволно време тогаш одвојте го од минутите поминати во телефонски разговори, пазарење или бесмислено гледање на празни телевизиски серии.

Advertisement