Зеленото јаболко е идеален антиоксидант

slika-_original-1308042391-61714

Зеленото јаболко е многу богато со минерали, како калциум, калиум, фосфор, натриум, железо и витамини од групата Б, Ц, Е, ПП и фолна киселина. Употребено, јаболкото како козметичко средство ја прави кожата млада и еластична.

Тоа успешно се бори со слободните радикали, благодарение на флавоноиди полифеноли. Зеленото јаболко е идеален антиоксидант.

Истражувачите од 1979 година до денес ги проучувале диетите со јаболко и ја мереле работата на белите дробови кај 2.500 мажи на возраст помеѓу 45 и 59 години, кои живеат во Велс.

По пет години, ја споредиле измерената способност на дишење на секој од нив и утврдиле позитивна врска меѓу функционирањето на белите дробови и бројот на јаболката внесени во текот на една недела кај Велшаните во средните години. Можеби малкумина знаат дека овој чудотворен плод ја стимулира работата на срцето и крвотокот и ги зајакнува крвните садови. Треба да се практикува секојдневно да се јадат свежи, и тоа секој  барем по едно јаболко. Од ова овошје, исто така,  можат да се подготват брзи, вкусни и евтини десерти.

Advertisement