Кои се здравствените придобивки од црвениот кромид?

Црвениот кромид е силен природен антибиотик. Неговата лековита моќ е со широк спектар и од таа причина , денеска ќе ви напишаме, доколку го конзумирате, се што може да ви помогне околу вашето здравје.

Усна празнина

Со џвакање на суров црвен кромид и тоа 3-8 минути дневно, усната слуз станува целосно стерилна.

Дишни органи

Црвениот кромид го смирува кашлањето, го забрзува искашлувањето и помага при зарипнатост, грип, воспаление на грлото, воспаление на белите дробови, бронхитисот и астмата.

Црева

Црвениот кромид го спречува развојот на штетните микроорганизми на цревната флора, ја штити слузта на цревата и го смирува воспалението на слузта на цревата.

Варење

Црвениот кромид го поттикнува апетитот, го забрзува и го регулира варењето, ги отстранува пречките во варењето, како што се, на пример, запекот и подуеноста.

Бубрези

Црвениот кромид ја забрзува работата на бубрезите и излачувањето на мочта, па, помага при воспаление на бубрезите и воспаление на мочниот меур, како и застојот на мочта.

Коски и зглобови

Црвениот кромид го забрзува излачувањето на водата и на штетните материи од телото, помага при реума, артритис и гихт.

Advertisement